Силна експлозија во Прага

Loading...

Најмалку 40 лица се повредени во силна експлозија што оштети дел од зграда во центарот на Прага, а полицијата претпоставува дека има и затрупани.

Според првичните информации, причина за експлозијата е истекување на гас.
 Како што јавуваат чешките медиуми, експлозијата се случила околу 10 часот, испукале прозорците на околните згради, почнале да паѓаат делови од фасадата, а повредени се бројни минувачи.
 Сите околни згради се евакуирани превентивно, а на лице место се пожарникарите, полицијата и екипи на брза помош. Експлозијата се слушнала во цел град, а на местото стигнал градоначалникот Бохуслав Свобода.
 Нема информации за тоа колку лица се сериозно повредени и префрлени во блиската болница, но сведоците раскажувале дека многумина од нив биле потполно облеани со крв.
 Според непотврдени информации, гасот сè уште тече во зградата. Сообраќајот е потполно блокиран во тој дел од градот, евакуацијата и понатаму трае, а местото го надлетува и полициски хеликоптер.
Најмалку 40 лица се повредени во силна експлозија што оштети дел од зграда во центарот на Прага, а полицијата претпост

loading...
Loading...