Силно невреме ја зафати Црна Гора

Loading...

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ги погоди денеска Котор и Тиват, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Дел од патиштата и крајбрежните објекти во Тиват се под вода.
Работниците на комуналната служба, Водовод и канализација, и припадниците на Службата за заштита и спасување се на терен.
Слично е и во Котор, каде возилата се движат низ поплавени улици.

Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека од денес до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, пишува „Вијести“.
Издадено предупредување за Хрватска
Во Хрватска издадено е предупредување за невреме проследено со обилен дожд и град. Се додава и можност за торнадо и силни налети на ветер.
Најмногу врнежи се очекуваат во вечерните часови.
Severe Weather Europe објави прогноза со која најавува големи врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот..

loading...