Силно невреме ја погоди Албанија (ВИДЕО)

Силен ветер, дожд, град и електрични празнења, вчера ја зафатија речиси целата територија на соседна Албанија. Како последица од невремето во земјата има поплави, причинета е материјална штета, а има  и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Поради високото ниво на вода по улиците во Валона имаше прекин во сообраќајот, а дојде и до повеќе сообраќајни незгоди во кои се повредени повеќе лица.
Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин.

 

 

 

 

Loading...