Силно невреме ќе ја зафати Македонија, доаѓа циклонот „Глорија“

Поради судир на две воздушни маси (потоплата од југ и посвежата од север) кој се во склоп на циклонот „Глорија“ голема дестабилизација на времето се очекува во среда кога во најголем дел од државава ќе се развива нестабилна облачност и истата ќе биде проследена со врнежи од дожд како и со појава на грмежи, прогнозира Славчо Попоски.
Поради доста загреаната атмосфера и исполнета со енергија но и поради судирот на веќе споменатите две воздушни маси (постудената и потоплата) локално процесите ќе бидат интензивини и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер (над 80 км/час), силни електрични празнења како и со појава на град. Поради значителното количество на воден талог за кратко време локално не се исклучува можноста и за поплавувања.
Од четврток температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен пад и истите ќе се искачуваат во интервалот само од 22 до 30 степени што значи дека од четврток па натаму следува период на посвежо време со подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината.

Loading...