Претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека извештајот на Европската комисија го разгледува техничкиот напредок на земјата низ политичка призма.
Таа додаде дека извештаите треба да бидат повеќе технички преглед, бидејќи тие дијагностицираат, класифицираат и оценуваат.
„Заклучокот би бил дека технички може да се напредува, но политички може да се биде блокиран. Или, техничката проценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Мислам дека овој втор елемент е проблематичен и контроверзен.“
„Имам намера на 17-ти, бидејќи претседателот има право да има член во Советот за европски интеграции, да го номинирам мојот колега кој многу добро го познава ова прашање, но мислам дека е добро и јас да се појавам таму за да ја изразам мојата посветеност на интеграцијата, но и да презентирам некои од моите забелешки“, изјави Гордана Силјановска Давкова, претседателка на РМ.
The post Силјановска: Извештајот на ЕК треба да биде повеќе технички преглед appeared first on Во Центар.



