СИМПТОМИТЕ НА ОМИКРОН СЕ БЛАГИ И НЕОБИЧНИ, НО ПОСТАРИТЕ МОЖЕ ТЕШКО ДА НАСТРАДААТ, ВЕЛИ ЛЕКАРКАТА КОЈА ПРВА АЛАРМИРА ЗА НОВИОТ СОЈ ВО ЈУЖНА АФРИКА

Loading...

Д-р Анжелик Куци, докторката од Јужна Африка која прва ги алармираше властите за болни со новиот сој на ковид-19 омикрон, кажа дека симптомите на новиот сој се необични но благи. Во интервју за британски „Телеграф“ таа вели дека првпат ѝ текнало оти станува збор за нов сој на почетокот на месецов, кога почнале да доаѓаат болни со ковид-19 кои имале симптоми кои не биле обични. Меѓу нив биле и млади луѓе кои чувствувале огромен замор и 6-годишно дете со многу брз пулс. Никој не го загубил мирисот и вкусот.
„Симптомите им беа многу различни и многу поблаги од оние што досега ги лекував“, вели д-р Куци, која е и претседателка на Јужноафриканската медицинска асоцијација.
На 18 номеври, кога четири членови на едно семејство биле позитивни на ковид-19 со чувство на целосна исцрпеност, таа го информирала државниот комитет за вакцинација. Таа вели дека вкупно 20-на од нејзините пациенти биле позитивни на ковид-19 со симптоми од новиот сој. Тие главно биле здрави мажи кои одеднаш почувствувале силен замор. Половината од нив биле невакцинирани.
„Имавме еден многу интересен случај, дете на 6 години, со температура и многу брз пулс, па се прашував дали да го примам в болница. Но кога го прегледав по 2 дена, тоа беше многи подобро“, вели д-р Куци.
Таа истакнала кај властите дека станува збор за млади и здрави пациенти, но стравува оти новиот сој може многу потешко да ги засегне постарите – со коморбидитети како дијабетес или срцеви болести.
„Сега треба да се загрижиме за постарите невакцинирани луѓе, ти ако тие се заразат од новиот сој ќе настрадаат со многу потешка форма на болеста“, вели таа.

loading...
Loading...