Симптоми што укажуваат на почеток на менопауза

Менопаузата е природна појава низ која минува секоја жена кога ќе влезе во одредени години, главно меѓу 35. и 50. Повеќето жени се неспремни за појавата на симптомите на овој синдром и се создава паника зашто тоа го означува крајот на нивната плодност.
Иако се симптомите ненадејни и траат одредено време, потполно се природни. Еве некои симптоми кои укажуваат на почеток на менопауза.
1. Нередовен циклус
Нередовниот циклус е првиот и највообичаен симптом на менопауза. Тој е резултат од нестабилноста на хормоните на вашето тело кои работат до крајот на вашата плодност.


2. Топли валунзи
Топли, а понекогаш и ладни валунзи се случуваат ненадејно и предизвикуваат црвенило во лицето. Сето тоа се случува заради падот на естрогенот.
3. Непријатност при спиењето
Жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница затоа што не можат да спијат од брановите на жештина. Освен снабдувањето на телото со естроген, во периодот на менопауза опаѓа и снабдувањето на прогестерон.
4. Вагинална сувост
Заради намаленото производство на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, ткивото почнува да се суши и станува помалку еластично.


5. Напнатост и депресија
Чувството на напнатост, изиритираност и депресија можат да ја совладаат жената која минува низ менопауза. Вознемиреност и губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, како и нападите на паника и физичките знаци, како забрзано биење на срцето и отежнато дишење.
6. Болки во екстремитетите
Заради хормоналната неурамнотеженост екстремитетите почнуваат полека да отекуваат и да болат. Меѓутоа, доколку е болката се зачестена и понеподнослива, треба да се оди на лекар.
7. Хормонална неурамнотеженост
Чест симптом на влегувањето во менопауза е и постоењето на хормонална неурамнотеженост која се гледа и во промените во растењето на косата. Заради намаленото производство на естроген може да дојде и до проретчување или до губење на косата.

Loading...