Како синдикат на сите вработени во културата шокирани сме од наративот на Министерката за финансии, кој во ништо не се разликува од наративот на нејзините претходници. Ваквите паушални изјави за висината на платите во културата, кои ѝ се достапни на Министерката за финансии не се ништо повеќе од обични манипулации, кога сакаат да се нападнат вработените во културата, а дел од останатите вработени во јавниот сектор да се прикажат какао жртви.
Само како пример ќе кажеме 70 000 плата има Кустос со највисоко стручно звање во заштитата – советник и над 25 години работен стаж. Првенци и вработени со највисоко стручно звање во заштитата не се повеќе од 50 во цела култура.
![]()
![]()
Во иднина новата влада нека ја погледне висината на минималната потрошувачка кошничка, која во моментов изнесува 60 000 денари и нека ги спроведе ветувањата за пристоен живот и европски стандард на сите.
- Дерматолозите предупредуваат на опасностите од рускиот маникир
- (Видео) Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал?
- Возило се запали на булеварот „Јане Сандански“
- Што навистина сакаат жените? Заборавете на мускулите, тајната е во ова
- Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
- Нови проблеми за Рама: Европската комисија ја повикa Албанија итно да ги усогласи законите за животна средина со оние на ЕУ
- Андоновски: Не преговараме со Гугл и Мајкрософт, туку со фондови што градат за нив
- Пет замрзнати намирници кои можат да придонесат за подолг и поздрав живот
- Недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од овие болести и негативно да влијае на телото
- Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето
- Груевска-Маџовска: Никој не се грижи за македонскиот јазик, Господ да ни е напомош
Маргинализирањето на вработените во културата како небитни во целиот јавен сектор, укажува на непознавање на функционирање на институциите во културата и дали тоа во иднина би довело до негрижа за културното наследство и афирмација на културата во државата и надвор од неа.

Во држава во која над 30 години се вработуваат партиски членови, во држава во која и националната припадност е работно место, држава во која се измислуваат институции, агенции со цел некои да имаат огромни плати, некому му пречи најмалиот, но и тоа како значаен сектор.
Нападнат идентитет на држава, нападната култура, се брани токму со култура.
Не може да браниме национален идентитет зборувајќи за високи плати во културата. ![]()
![]()
![]()
Го повикуваме Министерот за култура да застане зад својот сектор во кој до вчера беше дел, да работи на решавање на проблемите во културата и ако постојат поединци, кои според Министерката за финансии не работат и не се грижат да ги наплатат своите приходи, да не дозволи тие да бидат сликата на останатите вработени во културата.
#платитевокултуратанесевисокинанаставницитесениски
Пронајдете не на следниве мрежи:



