Синоќа оперирани двајца политрауматизирани пациенти од автобусот, едниот во доста лоша состојба

Loading...

– Четворица од пациентите хоспитализирани на скопските клиники се во тешка состојба, а двајца се вклучени на респираторни машини. Имаат повреди на главата, но во моментов не е потребна операција.
Ова e изјавата на министерот Филипче откако  денес ги посети повредените од превртениот автобус.
Во Клиничкиот центар се наоѓаат осум пациенти, од кои четворица се на Клиниката за анестезија, еден на Трауматологија, еден на Неврохирургија, трудницата на Клиниката за гинекологија е во добра состојба, а еден е хоспитализиран на Торакална хирургија.
Синоќа бил извршен оперативен зафат на 14-годишно момче и на 40-годишник.
-Кај оперираното момче беше утврдена повреда на црниот дроб, сега тоа е санирано, додека кај 40-годишниот пациент повреда на тенкото црево, по што е направена ресекција. Тие се сега на сопствено дишење и нивната состојба е сосема добра. Двајца од пациентите овде се на респиратор уште од првиот момент на пристигнување, имаат доминантна повреда на мозокот и коските на лицето. Кај едниот има и контузија на белите дробови. И двајцата се политрауматизирани, едниот е во доста лоша состојба, но времето ќе покаже. За сега интервенција не е потребна, изјави денес директорот на ГОБ “8 Септември“, Христијан Костов.

loading...