Синоќа силен земјотрес на Аљаска

Loading...

По синоќешниот силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала тлото на Аљаска не се смирува. Почувствувани се уште десетици земјотреси со послаб интензитет, а гувернерот Бил Вокер прогласи вонредна состојба.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 11 километри од главниот град Енкориџ во кој живеат повеќе од 300 000 жители. Оштетени се повеќе згради и куќи, најголеми оштетувања претрпеле патиштата, а повеќе од 10. 000 семејства се без електричана енергија.
Информации за жртви или повредени за сега нема, а во тек е проценката на причинетата материјална штета.

 

loading...