„Сириската електроничка армија” ја презема одговорноста хакирањето на профилот на AFP на Twitter

Loading...

Хакерската група којашто го поддржува сирискиот претседател Баша ал-Асад, ја презеде одговорноста за хакирањето на страница на новинската агенција Agence France Presse (AFP) на социјалната мрежа за микроблогирање Twiter.

 Претходно, раководството на AFP соопшти дека во вторникот, по 17.45 часот акаунтот на агенцијата на Twitter – @ AFPPHOTO кој се користи за поставување фотографии бил хакиран и во тоа време поставените материјали на него што се однесуваат на граѓанската војна во Сирија, немаат ништо со агенцијата. Функционирањето на профилот наскоро беше суспендирано.
Интернетската групација која се претставува како „Сириска електроничка армија” (Syrian Electronic Army – SEA), соопшти дека мрежниот ресурс на AFP бил хакиран од нејзините членови. Нивното незадоволство било предизвикано од „кампањата на некои арапски и западни медиуми кои шират фабрикувани вести за настаните кои се случуваат во Сирија”.
Заменикот уредник за глобалните вести на AFP, Пјер Селерие потврди дека фотографиите објавени не се фотографии на агенцијата, а се наводно фотографи од ирачките новинари кои загинале во Сирија како и од неодамнешната експлозија на автомобил-бомба во престолнината Дамаск, кога загинаа стотина лица а повеќе од 200 беа ранети.
 Како што забележува AFP, претходно SEA ја презема одговорноста за сајбер нападите на интернет страниците на Sky News Arabia и Al-Jazeera Mobile.
Макфакс
Хакерската група којашто го поддржува сирискиот претседател Баша ал-Асад, ја презеде одговорноста за хакирањето на стр

loading...