Сириските бунтовници одбиваат разговори пред заминувањето на претседателот Асад

Loading...

Сириски бунтовнички лидер во понеделникот изјави дека преговорите за ставање крај на граѓанската војна не можат да бидат остварени се додека од функцијата не отстапи претседателот Баша ал-Асад, а командантите на армијата и безбедносните сили не бидат изведени пред суд.„Додека овие наши барање не се исполнат, нема да преговараме“, изјавил мајорот Селим Идриз за телевизијата Al-Arabiya, пренесува Reuters.Ова Идриз го изјави откако претходно во понеделникот министерот за надворешни работи Валид ал-Муалем во руската престолнина Москва изјави дека сириските власти се подготвени да преговараат со опозиција „па дури и оние кои имаат оружје во рацете“.„Ние сме подготвени на дијалог со сите коишто тоа го сакаат. Дури и со ние кои имаат оружје во рацете“, изјави Муалем  по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.Сирискиот дипломат потенцираше во Москва дека во редовите на бунтовниците дејствуваат ограноци на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, којашто регрутирала платеници и верски фанатици од 28 држави во светот.
МакфаксСириски бунтовнички лидер во понеделникот изјави дека преговорите за ставање крај на граѓанската војна не можат

loading...
Loading...