Сириските сили заземаа стратешки важен град

Loading...

Сириската владина армија зазема во средата по двомесечни тешки борби стратешки важен град на југ од земјата, со што силите на претседателот Башар ал-Асад повторно ќе ја преземат контролата над меѓународно транзитен правец низ Сирија, објавија опозициските групи.Земањето на градот Киберт Гаалех, во рамнината Хауран низ кој минува автопатот кон Јордан, дојде откако бунтовничките борци останале без вооружување, муниција и други средства за одбрана на градот. Бунтовничките команданти за прекин во снабдувањето со оружјето го обвинија официјален Јордан кој порано воено го поддржуваше локалниот воен совет.Рамнината Хараун, којашто се протега до Голанската висорамнина, е колепка на бунтот против четирите децении власт на партијата Баат, предводена од кланот Асад, кои се припадници на алавитското малцинство, дел од шиитскиот ислам, кој има поддршка од умерените сунити, христијаните и друзите. Бунтовниците се припадници на сунитите кои ја имаа поддршката на соседните сунитски земји, додека Курдите во оваа војна се резервирани. Бунтот за почна во градот Дера’а во мар 2011 година.Бунтовничките борци кои дејствуваат под називот Слободна сириска војска (FSА) го отсекоа автопатот кон Јордан пред два месеца. Меѓутоа, контролата на овој стратешки важен патен правец зависи од тоа кој го контролира градот Кирбет Газалех, кој се наоѓа на крстосувањето на важните патишта. Пред почетокот на судирите во Сирија по овој правец меѓу заливските земји, Турција и Европа, се превезуваше стока во износи од милијарди долари.Во средата околу илјада бунтовнички борци се повлекле од Кирбет Газалех, откако загубиле надеж за доаѓање на помош во оружје и засилување во борци од Јордан. Според бунтовниците, официјален Аман е претпазлив, за да не предизвика пожесток одговор на Дамаск, кој од почетокот на бунтот го обвинува дека стои зад безредијата кои прераснаа во двегодишна граѓанска војна.
МакфаксСириската владина армија зазема во средата по двомесечни тешки борби стратешки важен град на југ од земјата, со што си

loading...
Loading...