Сирија отсечена од интернет

Loading...

Интернет услугите во Сирија целосно се запрени од вторникот навечер, што е втор ваков случај во последните шест месеци.Компаниите коишто го надгледуваат интернет сообраќајот, како што е порталот за антивирусни програми Umbrella Security Labs. и Renesys објавија дека редовниот сообраќај преку интернет во Сирија се симнал буквално на нула во 22.45 часот во вторникот. Според нив, мрежите регистрирани на домејнот sy од тој период не се достапни.Последниот таков случај во Сирија се случи во ноември. Тогаш прекинот траеше три дена.Властите во Дамаск тогаш за прекинот на интернетот ги обвинија бунтовниците, коишто ги нарекуваат терористи, меѓутоа западните експерти коишто ги поддржуваат сунитските бунтовници во Сирија оценија дека многу е поверојатно владата намерно да го згаснала интернетот. Сириските активисти во ноември сугерираа дека режимот на претседателот Башар ал-Асад подготвува некоја поголема офанзива или се обидува да ги поремети комуникациите на востаниците.Џим Коуви од една американска компанија за BBC изјави дека нема доволно податоци за да се утврди што го предизвикало овој прекин на интернет сообраќајот.„Според динамиката на случувањата изгледа многу сличен на оној од ноември, во смисла сега сообраќајот е сопрен наеднаш и преку сите правци, како некој да го свртел прекинувачот. „Секогаш може да се нагаѓа дали станува збор за оштетување на инфраструктурата, губење на енергија или за намера на некој да го исклучи интернетот“, вели Коуви.Некои жители на Сирија го потврдуваат прекинот на интернетот, додавајќи дека врските во мобилната телефонија работат вообичаено.
MaкфаксИнтернет услугите во Сирија целосно се запрени од вторникот навечер, што е втор ваков случај во последните шест месеци

loading...
Loading...