Сите ги имаме дома – 3 работи кои ја бркаат позитивната енергија од домот

Loading...

Фенг шуи е древна вештина за живеењето и уредувањето на просторот. Според фенг шуи, одредени работи го блокираат напливот на позитивна енергија во нашиот дом и живот, а ја задржуваат негативната енергија во просторот.
Во продолжение, погледнете што не треба да чувате во домот доколку сакате да останете позитивни и ведри.
Овенато цвеќе
Билките симболизираат раст и напредок, па затоа е пожелно да имате неколку растенија во домот. Меѓутоа, доколку некоја од вашите билки започнала да овенува, треба веднаш да ја исфрлите од домот бидејќи таа ќе го забави напредокот и ќе влијае на вашата стагнација во секој животен план.


Неупотребливи предмети
Собирањето на непотребни и нефункционални предмети само ја таложи негативната енергија во вашиот дом. Според фенг шуи, просторот во кој живеете треба да биде растоварен од беспотребни работи и негативни вибрации.
Подароци кои не ги сакате
Иако подарокот секогаш со себе носи добра намера, секој од нас барем еднаш во животот добил нешто што не му е потребно. Од благодарност кон личноста која ни купила подарок, често го чуваме подарокот, а тоа негативно се одразува на нашата енергија и нашиот мир. Според фенг шуи, таквите подароци не треба да се наоѓаат во нашиот животен простор.

loading...
Loading...