Сите ги фрламе, а тие се многу лековити: Еве како да ги искористите дршките од цреши

Loading...

Сезоната на цреши е во полн ек и сите сакаме да уживаме во нивниот вкус. Но, додека се сладиме со ова вкусно овошје, не обрнуваме внимание на неговите дршки кои се исклучително здрави.
Некогаш нашите баби и дедовци ги одвојувале дршките од црешите и ги сушеле за чај. Чајот од дршки од цреши е одличен лек кој успешно лекува заболувања на бубрезите, воспаленија на мочните канали, а корисен е и кај исфрлање на камења од бубрезите.
Научниците од универзитетот Мичиген ја испитувале лековитоста на овие дршки и заклучиле дека тие имаат исклучително моќно дезинфекциско дејство, што му помага на организмот да се исчисти од непосакуваните микроорганизми.

Припремата на чај од дршки е многу едноставна – најпрвин треба да ги исушите на сонце, а потоа во еден литар зовриена вода да додадете една шака дршки. Варете 2 минути, а потоа поклопете и оставете течноста да отстои еден час.
Чајот можете да го консумирате 3-4 пати дневно, а можете да го засладите и со мед.

loading...