Сите го забележаа необичното домашно милениче: Анџелина Џоли за прв пат ја отвори вратата на својот дом

Loading...

Мега популарната холивудска актерка Анџелина Џоли (44), додека се подготвуваше заедно со своите деца за лондонската премиера на продолжението на филмот „Господарица на злото“, на социјалните мрежи објави и кратко видео од нејзината луксузна вила која се наоѓа во Лос Анџелес.
Луксузниот дом вреден 25 милиони долари поседува 6 спални соби, 10 купатила, приватна библиотека, просторна дневна соба, кујна со трпезарија и двориште од неверојатни 21.000 илјади квадратни метри на коои се простира и самиот објект.


Освен раскошните градини со базен, имотот е украсен и со фонтани, тука е и помошната куќа во која се наоѓа теретана како и затворен базен.
Инаку, вилата е стара повеќе од 100 години.


Популарната актерка е позната како голем заштитник на човековите, но и на животинските права, па во склад на тоа ги покажа и своите домашни миленичиња.


Покрај кучето и зајачето, Џоли поседува и голем гуштер, кој што никако не можеше да не биде забележан.

loading...