Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против Ковид-19

Loading...

Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан синоќа изјави дека сите земји-членки на Европска Унија ќе добијат вакцини против Ковид-19 во исто време и под исти услови во согласност со бројот на жители.
Таа по видеоконференцијата на лидерите на ЕУ кои вонредно разговараа за соработката и одговорот на вториот бран на новиот коронавирус, оцени дека ситуацијата во Европа е „многу сериозна“ поради зголемениот број на новозаболени, хоспитализирани и смртни случаи.
– Ако не реагираме итно и кохерентно здравствениот систем ќе биде преплавен од бранот на пандемијата,предупреди фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК ги повика сите земји-членки на ЕУ да споделуваат точни и правовремени информации за националните епидемиолошки ситуации со Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести, а сите Европејци да преземат мобилни апликации за следење на контактите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.
– Разбирам дека сите се уморни и загрижени, но сега е време за трпение и дисциплина. Најважно е да се усвојат одбранбените здравствени навики како што е носење маски, дистанца иизбегнување гужви. Само така заедно ќе го победиме вирусот, посочи фон дер Лајен.

loading...