Сите ние имаме некого кого немаме

Loading...

Сите ние имаме едно делче од себе во кое чуваме посебни луѓе, места и спомени. Тука никој не може ништо. Едноставно е така, и така треба да биде.
Сите имаме некој далеку од себе, некој кој веќе не е дел од нашиот живот, некој кој никогаш не ни бил дел од нашиот живот.


Ги знаеме напамет деловите од нивното тело, знаеме како зборуваат, начинот на којшто се смеат, се сеќаваме добро на нивниот мирис. Во тишина, тие се личноста на која секогаш се навраќаме.
Сите имаме некој кој би посакале да е секогаш до нас. Тоа е делчето од нашата сложувалка кое недостасува во животот. Тоа се луѓето за кои мислиме дека нивната насмевка би ги решила сите проблеми.
Можеби знаат дека е така, можеби воопшто не се ни свесни. Можеби не е ни важно. Тие се дел од нас, но не се дел од нашиот живот.
Сите ние имаме некого кого немаме, а на тоа највеќе се потсетуваме во обичните есенски денови, кога ќе слушнеме песна на радио, кога ќе почувствуваме некој мирис.

loading...
Loading...