Сите се сеќавате на најсекси спотот на сите времиња: Згодната инструкторка од видеото 15 години подоцна изгледа уште подобро

Ѕвездата од овој спот, Австралијанката Диен Бери денес има 38 години и до ден денес изгледа брутално. И понатаму се занимава како инструкторка по аеробик.
Во 2004-та година познатиот шведски диџеј го освои светот со песната „Call On Me“. Меѓутоа, многу од луѓето особено мажите го запомнија и спотот на оваа песна, кој “пука“ од сексапил.

Да потсетиме дека Ерик Придз во спотот е на час по аеробик каде што вежба со многу сексапилни жени, а сите нив ги подучува сексапилната русокоса, односно инструкторката Диен Бери.
Инаку многумина овој спот го сметаат за најсекси спот на сите времиња. Освен Бери и Придз во експанзија на оваа нумера се појавува и британските танчерки Лора Мор, Френки Ведж, Лора Џејн Смит, Рози Хокинс, Лора Баули како и аргентинскиот танчер Хуан Пабло ди Паче.
Тоа што е интерено е тоа што спотот за песната „Call On Me“ од страна на познатото списание „NME“ прогласен е за петти најдобар спот на сите времиња.

Loading...