Сите училишта немаат компјутер и интернет – МОН со насоки какви компјутери да се користат за онлајн настава

Loading...

Министерството за образование и наука веќе ги информира директорите на основните и средните училишта за тоа какви компјутери, со каква минимална конфигурација се потребни за работа на Националната платформа за учење на далечина. И покрај тоа што со ваквата одлука дојде до забуна меѓу наставниците и родителите, од ресорното министерство смируваат и уверуваат дека станува збор за конфигурации кои не би требало да претставуваат проблем за одржување на онлајн наставата.
„Со цел за навремено обезбедување на потребните уреди за држење на наставата преку онлајн платформата МОН пред извесен период ги информираше за минималните препорачани конфигурации за држење на наставата преку Националната платформа за учење на далечина. Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер.Минималните карактеристики на компјутерот кој ќе користи само веб прелистувач за пристап до платформата потребно е да има минимум 4GB меморија и двојадрен процесор. За да се добијат сите функционалности на Платформата за држење на online наставата потребно е минимум Windows 8.1 оперативен систем.“, велат од МОН.

loading...