Сити подготвен да плати 70 млн. евра за Кавани

Loading...

 Раната елиминација во Лигата на шампиони и загубената титула во Англија ќе ги натера сопствениците на Манчестер Сити, во летниот преоден рок да направат реконструкција на тимот.Доколку остане на клупата, што е малку веројатно, менаџерот Роберто Манчини, ќе се обиде да го реализира трансферот на еден од најдобрите напаѓачи во светот, Уругваецот Едисон Кавани.Катарските сопственици на Сити се подготвени да плата 70 милиони евра за да го откупат договорот кој Кавани го има со Наполи.„Доколку некој е толку луд да издвои 70 милиони евра за Кавани, ние сме подготвени да го продадеме. Сепак конечната одлука ќе ја донесе Кавани“, рекол претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.Инаку англиските медиуми пренесуваат дека веќе и скроен списокот на играчи кои во летниот преоден рок ќе можат да го напуштат клубот, на него се наоѓаат Един Џеко, Александар Коларов, Самир Насри, Герет Бери, Џолеон Лескот и Карлос Тевез.
Макфакс Раната елиминација во Лигата на шампиони и загубената титула во Англија ќе ги натера сопствениците на Манчестер

loading...
Loading...