Ситуацијата на северот на Косово се смирува

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека специјалните косовски сили почнале да се повлекуваат од северот на Косово. Тој во Сообранието на Србија соопшти дека главната причина заради која почнало повлекувањето е реакцијата на меѓународната заедница.
Вучиќ рече дека припадниците на РОСУ се повлекуваат од северот на Косово после предупредување од западните сили затоа што ја надминале дозволената употреба на сила.