Скандал во Велика Британија: 45 бебиња починале поради невнимание во болниците

Според извештајот објавен во средата, 45 бебиња кои починале во две британски болници управувани од East Kent Hospitals NHS Trust можеле да преживеат доколку нивната грижа била на соодветно ниво.

Скандал во Велика Британија: 45 бебиња починале поради невнимание во болниците

Докторот Бил Киркуп, кој ја водел официјалната независна истрага, ги опишал неговите наоди како „остри“ и „шокантни“.

„Доколку беа земени предвид националните стандарди, исходите би можеле да бидат различни во 45 од 65 испитани смртни случаи на доенчиња. Тие не ги слушаа жените, беа третирани со непочитување и тоа директно доведе до некои смртни случаи“, рече Киркуп, пренесе АФП.

Лекар кој објави слични наоди пред седум години, откако ја истражуваше смртта на бебињата во други болници во северозападна Англија, рече дека лекциите уште еднаш не се научени.

„Во период од десет години, Советот на Источен Кент доби извештаи за проблеми во најмалку осум наврати. Можеа да го поправат тоа. Првиот случај беше во 2010 година, но не го сторија тоа. Во секој случај најдоа начин да го негираат постоењето на проблемот“, изјави Киркуп.

Истрагата во Ист Кент беше покрената по смртта на детето по име Хари Ричфорд, кое почина во ноември 2017 година само седум дена откако се роди со итен царски рез. Анализата покажала дека бебето починало поради седум пропусти кои претставуваат занемарување.

Д-р Киркуп откри слични податоци во 2015 година, по истражување на породилните услуги во Универзитетските болници Морекамбе Беј NHS Trust.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.