Скандал во Грција, фудбалер слави со наци поздрав

Loading...

Фотографијата на која фудбалерот на АЕК, Јоргос Катидис, со нацистички поздрав го слави постигнатиот гол, ја вознемири грчката јавност која ја осуди неговата реакција.

На истата фотографија, до Катидис е овековечена и реакцијата на неговиот соиграч и капитен на тимот, црномурестиот Бразилец, Рожер Гереро, кој разбирливо не го одобрува гестот. Политичарите, спортистите и јавноста, веднаш ја осудија оваа реакција на Катидис, тој откако го постигнал победничкиот гол за АЕК во 84.минута, на мечот со Верија, високо ја подигнал десната рака. Играчот по натпреварот објаснил дека не е се така како што било протолкувано, туку дека во прашање е друга порака. „Ова е едно големо недоразбирање. Начинот на кој го прославив голот нема апсолутно никакво значење. Со погледот на трибините го барав соиграчот Микалис Павалис на кого му го посветив голот. Само тоа го сакав, без среќен поради голот и победата. Немам никаква врска со работите со кои се поврзувам. Јас сум фудбалер и уживам кога победувам“, рекол Катидис.
Макфакс
Фотографијата на која фудбалерот на АЕК, Јоргос Катидис, со нацистички поздрав го слави постиг

loading...