Скокна вредноста на пазарот на криптовалутите – раст од 114 милијарди долари за 24 часа

Loading...

Цената на биткоинот минатата ноќ се зголеми за околу 39.000 УСД за прв пат од средината на јуни
Најголемата дигитална валута во светот се тргуваше за околу 38.059,84 американски долари пред полноќ по источноамериканско време, според „КоинДеск“, што претставува скок од речиси 11 проценти во однос на претходните 24 часа, а во еден момент за време на тргувањето дури достигна цена од 39 544,29 американски долари, највисоко ниво од 16 јуни.
Растот на биткоинот ги поттикна и другите криптовалути. Етер зајакна за 5,9%, на над 2.299,55 УСД, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Пазарот на виртуелни пари забележа пораст на вредноста за повеќе од 114 милијарди долари за само 24 часа, покажуваат податоците на порталот Coinmarketcap.com.
Закрепнувањето дојде по изјавите на водечките луѓе на некои светски компании на конференцијата „Би-свет“ што се одржа по неодамнешниот пад на биткоинот под нивото од 30 000 долари за монета, предизвикана од глобална рапродажба која предизвика страв дека падот на најстарата криптовалута на светот може да се продлабочи.
Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, на настанот објави дека компанијата најверојатно ќе почне повторно да прифаќа биткоини за купување на нивните возила.
Претходно, во мај годинава, „Тесла“ ја суспендираше можноста за купување возила со биткоини поради, како што наведе, загриженоста поврзана со забрзаниот раст на употребата на фосилните горива „во рударењето на таа виртуелна валута“.

loading...
Loading...