Скопјанец тргнал во теретана, па бил нападнат со метален предмет

На 03.05.2019 година во 14:30 часот во Полициската станица Аеродром Б.Д.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13:50 часот на булеварот “Кузман Јосифовски Питу“ пред теретана бил физички нападнат.


Насилникот од кој бил нападнат го идентификувал како З.Н.(30) од Скопје. Тој го удрил со метален предмет.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.