Скопје го зафатати пороен дожд и град

Во моментов во Скопје врне пороен дожд, град а има значително зголемување на електрични празнења.
Инаку, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град, особено во источните делови.
Нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта, кога не е исклучено повторно на места да има појава на невреме.