Скопје на високо трето место по загаденост во светот

И денеска Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Со просечна концентрација на ПМ10 честички на метар кубен во 8 часот утрово нашиот главен град се искачи на 3-тото место по загаденост со 166пм 10 честички просечна вредност.
На прво место е градот Лахор во Пакистан со 316, а на второ е Делхи со 330 , ПМ10 честички просечна концентрација на метар кубен. Неколку дена Скопје е меѓу најзагадените градови во светски рамки . Иако официјалниот почеток на зимата е уште далеку, загадувањето на амбиенталниот воздух е веќе алармантно.

Со намалувањето на температурите, нормално е да се очекува и загаденоста да биде зголемена. Земјава има огромни проблеми со загаденоста, а меѓу најзагадените се Битола, Тетово, Скопје и Куманово, иако загаденост е присутна и во другите градови.

Loading...