Слаб земјотрес попладнево почувствуван во Штип

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,7 степени е регистриран попладнево во 13 часот и 19 минути во регионот на Штип.
Земјотресот е почувствуван од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри југоисточно од Скопје.

 

Loading...