Слаб земјотрес ја стресе Бугарија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 23:25 часот на територијата на Бугарија. Како што соопшти бугарскиот сеизмолошки центар земјотресот се случил во близина на границата со Македонија, каде е и почувствуван.
Епицентарот на земјотресот е на 10 километри источно од Делчево, односно 90 километри југозападно од Софија, со длабочина од 10 километри. Податоци за причинета материјална штета, нема.

Loading...