Славниот фустан на принцезата Дајана продаден за 240.000 фунти

Loading...

Фустанот што несреќно загинатата британска принцезата Дијана го носеше кога танцуваше со актерот Џон Траволта на свечената вечера во Белата куќа, во вторникот на наддавање за 240 илјади фунти ја купил анонимен купец како изненадување за својата сопруга, пишува британскиот весник The Guardian.Долгиот кадифен темно син фустан со отворени рамена кој го дизајнирал Виктор Еделстејн го привлече вниманието на јавноста кога покојната принцеза во него танцуваше на подиумот во Белата куќа при нејзината посета на САД во 1985 година, со холивудската ѕвезда Џон Траволта, кој, пак, претходно се стекна со светската слава со танцовите улоги во филмовите „Брилијантин“ и „Трска на саботната вечер“.Фустанот на принцезата беше најатрактивниот експонат на аукцијата на којашто беа понудени десет фустани на Дајана од страна на аукциската куќа „Kerry Taylor Auctions “ во Лондон.Соопштено е дека фустанот го купил „британски господин кој рекол дека ја посакува како изненадување и за да ја развесели својата сопруга“. „Се надевам дека продажбата навистина некому му го разубави денот“, изјави Кери Тејлор и додала дека новата сопственичка на фустанот, продадена по највисока цена на наддавањето, е „среќна жена“.Целата колекција од десетте фустани е продена за вкупно 852.800 фунти, а понуди пристигнувале дури и од Австралија и од САД. Тејлор изјави дека е особено задоволна што два фустана ги купил еден „важен“ британски музеј.
МакфаксФустанот што несреќно загинатата британска принцезата Дијана го носеше кога танцуваше со актерот Џон Траволта на

loading...