Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Министерството се сретна со Хавиер Коломина, помошник генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика со кого разговараше за придонесот на Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот.
- Русите стравуваат од напад на Кримскиот мост
- Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Северна Македонија
- Жесток говор на Трамп: Камала Харис е ментален инвалид
- Филипче: Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија е тежок пораз на политиките на Владата
- Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
- Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци
- Уапсени пет лица за поседување на бела прашкаста материја и марихуана
- (Фото) Вардар повторно разочара, навивачите бараат одговорност од Неделковски
- Леброн спие со мајката на соиграч: Од средно е со мистериозна жена, забременила како тинејџерка и чекала 9 години за прстен
- Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи
На средбата Петровска истакна дека Македонија во целост ги спроведува прифатените обврски од НАТО пакетот на цели на способности, со особен акцент на модернизацијата на Армијата и унапредувањето на условите и развојот на човечките капацитети во Министерството и Армијата.
„Инвестирањето во македонската одбрана во 2024 година ќе достигне 2% од бруто – домашниот производ, а од средствата наменети за одбрана една третина ќе бидат насочени кон модернизација, што е гаранција дека процесот на опремување на Армијата ќе продолжи да се реализира со несмалено темпо. Посветени сме на модернизацијата како одговорна членка на НАТО но подеднакво и заради националната безбедност“, рече министерката Петровска.
Таа го информираше помошник генералниот секретар Коломина за помошта која во досега во 10 наврати Македонија ја донираше на Украина и нагласи дека во согласност со проценките на Генералштабот таа помош и понатаму ќе продолжи.
Во контекст на регионалната безбедност, министерката истакна дека Македонија го зголемува учеството во мисијата КФОР на Косово. Таа потенцираше дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи и дека и двете страни треба да ги реализираат преземените обврски.
„Интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ е безбедносно прашање и најдобар одговор на обидите за влијанија од трети страни во регионот“, рече Петровска.
Во соочувањето со проблемот на хибридни закани и лажни вести, Петровска ја истакна 100 процентната активна транспарентност на Министерството за одбрана како најдобар начин за превенција и справување со овој предизвик.
Помошникот генералниот секретар на НАТО, Коломина се заблагодари за активното учество на Македонија во НАТО и видливиот придонес кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност. Тој го поздрави придонесот на Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија, учеството во мисијата на НАТО на Косово, помошта за Украина во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и стабилното инвестирање во развојот и модернизацијата на одбраната.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.