Сладолед со јогурт и овошје

Loading...

СОСТОЈКИ:
600 гр јагоди (може малини или вишни)
1 лажица шеќер
1 лажица густин (може и брашно)
1 л слатка павлака
1 л јогурт
400 гр грчки јогурт
400 гр шеќер во прав
2 лажици арома ванила


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Прво измиксајте овошје па згответе со шеќер и густин. Оставете да се излади.
Разматете кратко слатка павлака, да не биде многу густа, додајте ги сите останати состојки и матете уште 2 минути. Измешајте изладено овошје. Поклопете и ставете во замрзнувач. Ако не сакате овошен,можете да направите и други вкусови, рум,чоколадо, јаткасти плодови…
Уживајте!

loading...