Сладолед торта

1 литар млеко
3 пудинга од ванила
3 лажици шеќер
100 г кокосово брашно
250 г путер
1 лажица рум
300 г бисквити
8 крем банани
2 шлага
200 мл млеко
50 г чоколадо
Сварете го пудингот во млекото со шеќер и додадете го кокосовото брашно. Тргнете од оган, додадете го путерот исечкан на парчиња и мешајте додека се растопи. Потоа додадете ги мелените или кршени бисквити и румот, промешајте и изладете. Половина од смесата нанесете во калап обложен со најлонска фолија. Наредете ги крем бананите и прекријте со преостанатата смеса. Изладете ја тортата во фрижидер, превртете ја на послужавник и отстренете ја фолијата. Премачкајте ја со изматен шлаг и врз него изрендајте го чоколадото.