Слатки кои мирисаат на детство: Кифличките со ореви по рецепт на нашите баби се вистинско совршенство

Loading...

Дали постои личност на планетава која не се „маѓепсува“ од мирисот на свежо печени, домашни кифлички?
Потребни состојки:
– 400 гр. брашно
– 150 гр. маргарин
– 2 јајца
– 20 гр. свеж квасец
– 1 дл. млеко
– изрендана кора од лимон
– 200 гр. ореви
– 200 гр. шеќер
– 200 гр. шеќер во прав


Начин на припрема:
Во млакото млеко додајте лажичка шеќер, малку брашно и издробениот квасец и оставете да нарасне.
За тоа време, на даската за месење ставете го брашното, направете дупка во средината и во неа додајте го нараснатиот квасец заедно со маргаринот, 4 лажици шеќер, 1 цело јајце и 1 жолчка и изренданата лимонова кора. Замесете меко тесто и оставете половина час да одмори. Потоа, расукајте го тестото со дебелина од половина центиметар, исечете го на квадрати и наполнете го со филот.
Филот се припрема на следниот начин: изматете ги белките во цврст шлаг, додајте го шеќерот и на крајот додајте ги мелените ореви.

Кифличките наредете ги во подмачкан плех и печете на 180 Целзиусови степени, 15 до 20 минути. Додека се уште топли, извалкајте ги кифличките во шеќерот во прав.

loading...