Следете ги овие промени на вашето тело- може да си го спасите животот

Човековиот организам е неверојатна машина на која влијаат низа фактори. Телото секојдневно испраќа одредени пораки преку кои може да се открие во каква состојба е. Затоа внимателно слушајте што ви порачува.
Со редовно одење на забар ја контролирате состојбата во устата, но можете да дознаете многу работи и за состојбата на организмот. А промените во усната шуплина можат да бидат еден од првите показатели за болести на срцето, белите дробови, дигестивниот систем…


Драстичната промена на килограмите, без оглед дали се работи за дебелеење или слабеење, е појава која им се случува на сите низ годините. Но не смее никако да се занемари значителното дебелеење или пак слабеење. Затоа ако за кратко време сте добиле или загубиле голем број килограми, имајте на ум дека тоа може да упатува на хормонален дисбаланс и проблеми со штитната жлезда или пак задржување вода во организмот, односно проблеми со срцето и бубрезите, како и бременост.
Кожата е најголем орган кој секојдневно е изложен на надворешни влијанија, па затоа е важно да се следат промените кои се случуваат на нејзината површина. Ако забележите промени на бојата, израстоци, дамки, младежи не е лошо да побарате стручно мислење.ж
Ноктите можат да бидат украс на рацете, но нивната важност е многу позначајна. Малите и големи промени на ноктите на рацете и ножните прсти можат да укажуваат на разни болести. Затоа не чекајте, побарајте стручно мислење.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.