Следните четири години ќе бидат пеколно врели

Loading...

Според најновите истражувања , направени преку математички модел , е утврдено дека наредните неколку години ќе биде исклучително жешко.
Научниците преку математички модел со кој се утврдува колку ќе се зголеми глобалната температура на површината на земјата , утврдиле дека ни претстојат пеколни години.Од 2018 до 2022 може да очекуваме екстремен пораст на температурата. На почетокот на 21 век , научниците утврдија дека ќе има пауза во загревање на Земјата , па сепак последните анализи укажуваат дека последните пет години се најжешки откако се мери температурата .


Според математичкиот модел , претстојните години ќе биде пожешко и од предвиденото. Тимот на научникот Флоријан Севелек од Научниот центар за истражувања во Брест и Сибрен С. Дифоут од Универзитетот во Саутемтон , осмислиле статистичка метода за пребарување преку симулација на климатските промени во овој и минатиот век.
Високите темепратури кои се предвидени за следните години ќе следат поради малата веројатност за настап на исклучително студени периоди.

loading...