Слепо девојче му пријде на Саша Матиќ: Кога двајцата запеаја се родија безброј емоции

По концертот во Књажевац, на Саша Матиќ му пријде 16-годишната Лана, која, како што вели мајка и, пред три години, поради генетски причини потполно го загубила видот.
Нејзината дијагноза е конечна, но Лана, не само што е одличен ученик, туку знае и прекрасно да пее.
Таа заедно со Матиќ запеа еден од неговите најголеми хитови.
-Ова е мојот најсреќен ден во животот, изјави Лана, а Саша Матиќ кога го слушна нејзиниот глас предвиде блескава кариера доколку почне да се занимава со музика.

Loading...