Слично е на сончаница но може да убие- Симптоми на топлотен удар

Loading...

Овие денови е пекол, од утре се најавени температури над 40 степени. Внимавајте бидејќи болниците се полнат, а топлотниот удар има симптоми како сончаница, но може да ве убие.
Се препорачува да не се излегува до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се пие многу вода и течности, да се пие терапијата кај хронично болните лица.
Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица.
Потребно е при ваква состојба да се легне лицето, да пие течности, да се стави инфузија, да е под постојан лекарски надзор.

loading...
Loading...