Словенија е на прво место во светот според бројот на умрени од ковид-19 на еден милион жители: Бугарија е втора! Македонија е зад нив!

Loading...

Според меѓународните статистикчки податоци, Словенија е една од земјите што се најпогодени од епидемијата со ковид-19. Покрај тоа, во однос на дневниот број на смртни случаи, Словенија е на самиот врв на светот.

Според податоците на „Коронавирус пандемик дата експлорер, кои добиваат дневни податоци од универзитетот „Џон Хопкинс“, бројот на смртни случаи во Словенија во просек изнесува 23,23 на еден милион жители мерено во период од последните седум дена.

Податоците на “Коронавирус пандемик дата експлорер” покажуваат дека Југоисточна Европа во моментов е најпогодена. Словенија е прва, според бројот на смртни случаи од ковид-19 на еден милион жители, а потоа следуваат Бугарија (19,86), Македонија (14,88) и Босна и Херцеговина (14,76).

Меѓу најпогодените држави се и Унгарија (13,78) и Хрватска (13,50 ч.). Покрај тоа, податоците од почетокот на епидемијата покажуваат дека само Белгија (28,77) имала повисока стапка на смртност на на милион жители и тоа за време на првиот бран.

Според бројот на потврдени инфекции на еден милион жители, Словенија е блиску до самиот врв (698,64). На врвот во моментот се наоѓа Хрватска со 791,70 инфекции на еден милион жители. Потоа следуваат Словенија, Унгарија, Австрија и Шведска, каде е забележан висок пораст на нови инфекции.

Според индикаторот за соодносот на потврдени инфекции и број на смртни случаи најлошо е во Велика Британија, каде што смртноста во моментов изнесува 3,6 проценти. Следуваат Италија со 3,5 проценти и Босна и Херцеговина со 3,1 проценти.

Што се однесува до учеството на позитивните во вкупно направените тестови, најлошо во моментот е во Полска, каде што дури половина од испитаниците биле позитивни во последната недела (49,9 проценти). Во Бугарија, инфекцијата е потврдена со високи 39,3 проценти, следена од Хрватска (34 проценти) и Унгарија со 27,1 процент.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...