Случај Талир 2 пред крај, предложено конфискување на седиштето на ДПМНЕ и имотот низ државата

Обвинителството за предметот „Талир 2“, на кој работеа обвинителите Ленче Ристоска и Љубомир Лапе, денеска го изнесе завршниот збор. Во него е побарано судот да ги огласи за виновни Никола Груевски и Кирил Божиновски дека ги злоупотребиле службената положба и овластување.

Обраќајќи му се на Судот, обвинителот Лапе, оценувајќи дека ова е еден од најголемите корупциски настани, предложи да ѝ се конфискува имотот на партијата како трето лице, бидејќи во нејзино име е остварена имотната корист. Меѓу недвижностите за кои се бара одземање се Белата палата и дваесетина објекти во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ низ државата.

Прочитајте повеќе за случајот ТАЛИР кој е всушност претходница на овој случај:

Суштината на предметот ТАЛИР2 е што компанијата „Бетон“, која добивала државно спонзорирани проекти, на тогашната политичката партија на власт ВМРО-ДПМНЕ ѝ изградила ново луксузно партиско седиште и исплатила значителна сума пари. За возврат продолжила да добива тендери, кои кога не биле директно финансирани од државата, таа ги добивала како подизведувач.

На Груевски и на Божиновски им се заканува затворска казна од најмалку три години.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.