Смрзнати од студ и од страв: Новата година ја дочекаа заглавени на висок рингишпил, помош чекале со часови

Осум лица во Франција, ја дочекаа новата година на рингишпил висок 50 метри, кога механизмот на сред возење се расипал и целата вртелешка застанала.
„Долго траеше, беше студени и застрашувачки“, вели Антоан (23) откако спасувачите заедно со останатите го спуштиле со хеликоптер на земја.
Вртелешката, чија една сајла се расипала на сред возење, застанала со посетителите кои останале на 50 метри висина.


Спасувачите најпрво се обиделе со скали и со друга опрема да ги извлечат луѓето, но по неколку неуспешни обиди оцениле дека е опасно и довезле хеликоптер.
Посетителите сакале само неколку минути да се повозат, седнале на вртелешката синоќа околу 20:30 часот, а од неа безбедно се извлечени дури утрово во 4 часот.

Loading...