Снег ја покри и Атина

Снежниот бран кој ја зафати Грција стигна и до Атина, каде студот и снегот во центарот на градот се ретка појава. Во текот на ноќата обелеа покривите на куќите, парковите и автомобилите дури и во крајбрежните делови, каде температурата секогаш е за 4-5 степени повисока отколку во северниот дел на градот.
Во текот на ноќта температурата се спушти на нула, па локалните власти одлучија во повеќето општини во Атина училиштата да останат затворени. Запрени се и работите на отворено затоа што за Атина ова е – сериозна зима. На северот на градот затворени се локалните патишта, затоа што снегот и мразот го оневозможија сообраќајот.
Се вложуваат огромни напори патот Атина-Ламија да остане прооден за сообраќај, затоа што заради големиот снег во текот на ноќта  некои делници беа затворени. На Евија и понатаму е драматично затоа што се формираа наноси од снег, а заради кинење на далноводи нема ни струја. Драматично е и на Пелопонез, но метеоролозите предвидуваат подобрување на временските услови.
Во централните и северните делови на Грција зимата си ги покажа забите, а температурата на границите со Албанија и Македонија се спушти до минус 17 степени под нулата. Солунскиот аеродром беше затворен за сообраќај, а многу возила останаа завеани.