Снежна апокалипса им се заканува на Австрија и Германија

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме , а алармот поради заканите од лавини е подигнат на највисок, петти степен. Илјадници луѓе се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час. Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи , уривање на куќи и застој на патиштата.
Се предвидува дека снежните врнежи нема да запрат до понеделник, а со тоа и проблемите на жителите од Баварија , Штаерска, Тирол и Салцбург. Иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање во наредните денови се очекува снежната прекривка да надмине три метри.