СНИМЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА: Со експлозив разнеле банкомат во Приштина! (ВИДЕО)

Loading...

Портпарол на косовската полиција, Агрон Боровци, потврди дека утрово била ограбена банка во Приштина, откако разбојниците разнеле банкомат со експлозивна направа, објавија приштинските медиуми.

Боровци за порталот изјави дека во моментов се работи на откривање на осомничените.

  • Врз основа на првите резултати од истражната група која го истражува случајот, се сомнева дека разбојништвото е сторено со оштетување на банкоматот на банката, со експлозивна направа, по што осомничените избегале од местото на настанот. Во еден момент пукале кон чуварот на банката, но за среќа, никој не е повреден во инцидентот, рече Боровци.

Тој додаде дека полицијата ги испитува сведоците на местото на настанот, а полициските истражители работат на идентификување и апсење на осомничените.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...