СНОУДЕН: Ви ги гледаат жените и децата, знаат што правите дома

За Гардијан раскажа како живее денес во главниот руски град, каде дојде пред шест години, дали уште се плаши дека ќе го најдат и убијат американските тајни служби и дали почнал да живее нормален живот иако живее на тајна адреса.
Американецот Едвард Сноуден напиша мемоари. Се крие во Москва откако побегна од САД. Последните неколку дена даде интервјуа за најголемите светски весници затоа што му излезе од печат книга која ја нарече „Permanent Record“.
За Гардијан раскажа како живее денес во главниот руски град, каде дојде пред шест години, дали уште се плаши дека ќе го најдат и убијат американските тајни служби и дали почнал да живее нормален живот иако живее на тајна адреса.
Сноуден го стресе светот во 2013 година. Откако работел за ДеЕЛ, го ангажирале како хонорарец во ЦИА а потоа добил увид во строго чувани документи на Националната безбедносна агенција.
Работел на прислушкување на граѓани преку компјутерски екрани и телефони. Имал пристап на сите мејлови, СМС пораки, четови… и сфатил дека најгрубо се крши приватноста на луѓето, што силно го разочарало. Одлучил дека нема да биде дел од тој систем.
Средиштето на прислушкувањето е во срцето на Хаваи
Се обидел прво за тоа да ги предупреди шефовите, но тие не обрнувале внимание на него. Потоа собрал илјадници документи и докази како тајните служби ги прислушкуваат обичните граѓани и дал отказ во ЦИА во канцеларијата во Хаваи.

САД му го укина пасошот и почна ловт. Сноуден од Хонг Конг заминал за Москва и таму побарал азил. Знаел дека доколку го датат и вратат во Америка, може да мине во затвор и десетици години. Повеќе од еден месец живеел на аеродромот Шереметјево, а потоа Русите му одобриле азил и сега има престој таму до 2020 година. Во Москва во меѓувреме се оженил и таму ќе живее.
Во мемоарите кои се објавени овие денови, Сноуден откри и многу незгодни факти за самиот себеси.
„најлоша работа е кога сфатив дека бев наивен и полн со доверба и како тоа можеше да ме претвори во алат на системот кој ќе ги користи моите вештини за да направи глобална штета. Глобалната технолошка заедница чиј сум и јас дел, најдолго беше аполитична. Нашата историја на размислување е: Ќе го направиме светот подобар“.
А потоа сфатил што всушност прави.
„Мора да знаете дека во почетокот работев за ЦИА и не знаев за масовното надгледување. Дури кога ме вратија во седиштето на НСА, од каде на крај дадов отказ, добив задача да работам со тој алат за надзор. Дојде тим да ме учи за таа програма Присм. Понекогаш се вртеше на столицата и се забавуваше покажувајќи ми ја голотијата кај таргетираните личности. Кога би се појавила на екран и гола жена на оној што го надгледувавме, тој задоволно би викнал: Бонус!“
На прашањето кој бил клучниот момент кога сфатил дека не може повеќе тоа да го прави, Сноуден вели дека постепено почнувал да сфаќа.
„Сфатив дека користам алатки за масовно надгледување. Но се беше многу апстракно. И одеднаш ја гледате личноста која ве гледа преку екран. Таа секако не знае дека те гледа. Но сфаќате дека додека луѓето нешто читаат од компјутерскиот екран, ние ги читаме нив. Ми требаше цела вечност да развијам чуство на скепса и неудобност. Но еднаш кога почна, некако почна да се развива затоа што сте посвесен. Се повеќе ја воочувате контрадикцијата меѓу она што вашите работофавачи го зборат и она што всушност прават“.
„На пример следевме компјутер во библиотека и ја вклучувавме камера за да ги следиме корисниците. Ги снимавме и пота снимката ја стававме во датотека со видеозаписи во случај подоцна таа личност да стане интересна. Имаме неколку такви слики од ирачките сајберкафулиња. Така наидов на една снимка на едно момче кој беше инженер некаде во југоисточна Азија и се пријавил за работа на некој универзитет за кој се сомневало дека е поврзан со нуклерна програма или сајбер напад, не се сеќавам повеќе. Воглавно секогаш постои некое оправдување зошто некој треба да се сними. А тој човек во тој момент во својот скут го имаше своето дете кое невино типкаше по тастатурата на компјутерот“ се присетува Сноуден.
Како што вели и покрај таквата работаникогаш заради тоа не паднал во депресија, ниту имал самоубиствени мисли.


„Не ова е многу важно да се каже. Никогаш не сум помислувал на самоубиство. Имам филозовски пристап на идејата за самоубиство и ако ми се случи да паднам низ прозорец, може да бидете сигурни дека сум турнат“.
На прашањето на новинарот на Шпигел зошто токму сега мемоари, Сноуден одговара.
„Затоа што мислам дека е најважно да и се објасни на јавноста системот за масовно надгледување и масовна манипулација.“
Надзорните камери се опасност
Во мемоарите за прв пат детално ја опишува позадината на целата афера.
Сноуден исто така предупредува: „Најголема опасност и натаму е пред нас. Способноста на вештачката интелигенција, како препознавање на лица и примероци. надзорната камера е опремена со вештачка интелигенција не е само направ за снимање, таа би можела да се претвори во автоматизиран полицаец“.
Вашиот мобилен секоја минута испраќа илјадници информации

Сноуден вели дека Интернет функционира одлично но за погрешни луѓе.
„Што имаме денес? Имаме Фејсбук, Гугл големи центри на податоци во целиот свет, а тие момци со далечинско ги управуваат нашите компјутери. Своите прашања ги испраќате на Гугл. Кога го барате вистинскиот пат го барате Гугл мапс. Гугл го обработува барањето и ги враќа резултатите. Исто е и со препознавање на гласовите. Но денес телефоните енормно се способни отколку порано. Така што сите овие можности можеме да почнеме да ги преместиме назад, бидејќи зошто Гугл мора да знае каде одите? Не треба тоа да знаат за апликацијата на географската карта да функционира. Тоа не е вистина иако тврдат дека е.

Loading...