Соборен светскиот рекорд- Британец вози велосипед со брзина над 280км/час

Loading...

Британецот Нил Кембел на авионската писта Елвингтон во северен Јоркшир постави нов светски рекорд во брзо возење велосипед.
Кембел постигна брзина од 280,557 км/час. Со тоа Кембел за 14 километри на час го надмина досегашниот светски рекорд што 24 години го држеше Холанѓанецот Фред Рампелберг , поставен во Солт Лејк Сити , САД.

Велосипедот на Кембел го повлече Порше Кајен пред да почне со сопствена сила да вози по пистата долга 200 метри и ја достигна рекордната брзина.
По соборувањето на рекордот , Британецот најави дека амбиција му е да достигне брзина од 350 километри на час со велосипед.

loading...