Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на Трајко Велјаноски, бара Судот

Loading...

По синоќешниот распит во Јавното обвинителство Основниот суд денес ќе побара од Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Велјаноски.
Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија 30-дневен притвор заради можност за бегство и влијание на сведоци откако беше обелоденето дека преку еден центар го координирале “крвавиот четврток“. Само Велјаноски беше привремено ослободен како осомничен за упадот во Собранието на 27 април, затоа што тој е единствениот кој можеше да се повика на пратенички имунитет, кој уште денес може да му биде одземен . За тоа е потребно апсолутно мнозинство на гласови на пратениците, а доколку тоа се случи и тој би завршил во притвор.

loading...