Собранието ја разреши Рашела Мизрахи

Loading...

По 3 часот по почноќ Собранието на Република Македонија со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, поради одбивање да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.
Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи во излагањето пред пратениците.


Таблата со Република Македонија, за која министерката за труд и социјала од ВМРО ДПМНЕ беше подготвена да плати и казна од 5000 евра за да не ја смени со Северна и донесе предлог за разрешување. Мизрахи изјави дека нема да држи прес-конференции со табла на која пишува Република Северна Македонија и повторно застана пред табла со старото уставно име и рече дека во Министерството не нашла банер на кој стои друго име.
Според Спасовски, Мизрахи не го почитувала Уставот и ги ставила партиските над државните интереси, па шоради тоа доставил предлог за нејзино разрешување во Собранието кое ноеќеска беше прифатено.
За министерката Мизрахи Грција претходно испрати протестна нота бидејќи го кршела договорот од Преспа. Министерот за надворешни – Никола Димитров, прв побара нејзино разрешување.

loading...